Тренчевска во посета на Здружението на пензионери во Кавадарци (фото)
Во знак на празникот Василица традиционално беше поделено лепче со паричка во Здружението на пензионери во Кавадарци кадешто гостинка беше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа ги поздрави присутните и им посака успешна и среќна година. Исто така, посочи на заложбите за пензионерите изминатата година и рече дека очекува оваа да биде уште поуспешна од минатата.
Министерката ја искористи приликата и да се заблагодари на сите пензионери за нивната посветеност и рече дека без нивните заложби неа да бидат толку успешни политиките кои се креираат за највозрасните.
Настанот беше поддржан и од страна на пратеничката, Даниела Колева. Присутни беа и претседателката на сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и директорката на центарот за социјална работа на Кавадарци, Весна Дамјаноска тие ги поздравија ваквите настани со кои се одбележуваат празниците.
За време на дружењето беше одржана и лотарија на која беа доделени 30 награди.
Дума.мк