Трето прскање против комарци во Велес
Третото авионско третирање против комарци ќе се реализира на 7 август, сабота, 2021 година во период од 05:00 до 08:00 часот.
Границата на третирањето е од езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Третманот ќе се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од Biogenesis, фирма од Белград, Република Србија, кој се разредува со растително масло.
Општина Велес ги известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето. Исто така, пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволуваат, авионско прскање ќе се изврши наредниот ден, 8 август, недела, 2021 година.
Стефани Манева