Триесет и шест ученици во општина Кавадарци се испишале од училиште, продолжува исселувањето во странство
Објавено на 26 јануари, 2023 во 12:42
Трендот на иселување на кавадарчани продолжува. Ова го потврдува и податокот на Сектор за образование на општина Кавадарци. Според добиените информации досега 36 ученици не го продолжиле образованието, во второ полугодие во училиштата во општината, туку заминале во странство.
Од испишаните ученици, 30 се од основните додека шест од средните училишта во Кавадарци. Вака одговорија службениците на Секторот за образование и спорт при Општина Кавадарци на прашање поставено од советникот Круме Богевски на 22- та седница на цовет на општината.
Статистичките податоци говорат дека во учебната 2022/23 година, на територијата на општината, во основно образование се запишале 3.129 ученици додека во средно образование, 1.428 средношколци.
Ангел Данов