Уапсен осомничениот за убиство над претепаниот богомилчанец

Објавено на 23 јануари, 2023 во 19:25
Фото: Архива

Дваесет годишниот И.Т од село Богомила е лишен од слобода рано утринава откако полицијата пронајде мртво машко тело тело, вчера вечер, на спореден селски пат.  Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т откако истрагата покажала сомнежи по претходно случена тепачка во која учествувал.

Поточно, вчера, 22 јануари 2023 година, околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу И.Т и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.