Убиениот Панче Жежовски ќе биде погребан на велешките гробишта во Раштани
Денеска на градски гробишта „Раштани“ ќе бидат погребани посмртните останки на настраданиот во двојното убиство Панче Жежовски.
Нему посебна почит ќе му оддадат роднини, пријатели, познаници. Голем број на граѓани на социјалните мрежи изразија сочуство објавувајќи статуси и се простуваат од овој познат велешанец.
Панче Жежевски беше фризер којшто многу ја сакаше својата работа и со големо внимание и посветеност ја работеше.
Тој на 24 ноември годинава, беше пријавен за исчезнат. Телото на убиениот велешанец беше пронајдено на 3 декември, во околината на Велес. Во истиот случај е убиена и малолетната Вања Ѓорчовска од Скопје којашто се водеше за исчезната од 27 ноември, годинава. За нивните убиства осомничени се пет лица.
Бог да го прости, Вечна му слава!
Дума.мк