Ученици на ООУ„Тодор Јанев“ на новогодишен хуманитарен базар во Чашка собраа околу 10 илјади денари за да израдуваат семејство во социјален ризик (фото)
Рачни ракотворби како што се новогодишни честитки, рачно плетени Божикни венци од елка, лампиони, украси, рачно изработените и принтани платнени торбички продаваат ученици на ООУ „Тодор Јанев“ на граѓаните на Чашка за собраните финансиски средства да ги подарат на . социјално – загрозено семејство. Новогодишен хуманитарен базар го посетија голем број на жители на населбата и купија се што вредните ученици од прво до деветто одделение подготвија на часовите по ликовно со своите наставници. Дополнително ќе биде одлучено на кое ранливо семејство ќе му бидат подарени парите во износ од околу 10.000 денари.
Новогодишниот хуманитарен базар се одржа на украсениот плоштад во населба Чашка.
Наставникот по ликовно, Драганчо Таневски во ООУ“Тодор Јанев“, ги мотивираше учениците рачно да изработат платнени торбички со принт,на кои се претставени нивните ликови. Овие рачни изработки беа најинтересни на базарот. Деветооделенката Стефанија Станковска беше дел од групата учениците вклучени во изработката и ни раскажа како ги создале.
– Оригиналните дизајни прво ги правевме на линилеум како ученички проекти а потоа ги режевме за да создадеме финални дизајни кои ги принтавме на платнените торбички. Употребивме посебни пигменти и машини. Беше многу интересен процес и еве денеска сме радосни што ги продаваме. Интересот на купувачите беше голем како и нивното воодушевување кога ги гледаат на пример ликовите на своите деца, рече ученичката Станковска.
Станува збор за проект во кој финален произбод се платнените торбички што во ООУ„Тодор Јанев“ во Чашка почнал минатата година. Учениците продолжија да го работат и годинава кога продадоа 40 платнени торбички.
Убавка Јаневска