Успешна крводарителска акција во велешката Гимназија „Кочо Рацин“
Објавено на 16 март, 2022 во 14:19

Средношколците и вработените од велешка гимназија „Кочо Рацин“, денеска, ја покажале својата хуманост и во голем број даруваа крв. На традиционалната пролетна крводарителска акција биле собрани вкупно 34 крвни единици.
– Најмногу радува фактот што поголем дел од дарителите, односно 20-мина од нив даруваа за прв пат и официјално станаа крводарители, пишува во соопштението на Црвен Крст на РСМ, Општинска организација Велес.

Оваа крводарителската акција била заеднички организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Екипа на институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Во реализацијата биле вклучени четворица волонтери од Клубот на млади.
Стефани Манева
