Утврдени добитниците на наградата „7ми септември“ во Кавадарци
Објавено на 27 август, 2021 во 15:19

Советот на Oпштина Кавадарци на денешната 60-та редовна седница едногласно ги одреди добитниците на наградата „7ми септември“. Годинава, оваа највисоко општинско признание ќе биде доделено на компанијата „Дрекслмајер“ за придонес во стопанството, за придонес во областа на науката и публицистиката на Д-р Лазар Нанев, актуелен претседател на Основен суд Кавадарци.
За придонес во заштитата на животната средина награда „7ми септември“ ќе добие ТППЕ Кавадарци, а за особен придонес во областа на хуманоста за лицата изложени на социјален ризик Борче Стаменов.
Наградата се состои во плакета и диплома, а ќе биде доделена на свечената седница на советот која ќе се одржи по повод денот на ослободувањето на Кавадарци.
Ангел Данов
