Вакцинален пункт Велес: Вакцинирани 6.040 и ревакцинирани 222 граѓани

Објавено на 17 јуни, 2021 во 18:44
Вакцинален пункт Велес денеска започна ревакцинација

На масовниот пункт за вакцинација во Велес, денеска, 222 граѓани беа вакцинирани со втора доза на кинеската вакцина „Синофарм“. Тие беа распоредени на шест вакцинални места за боцкање. Ова е првиот ден на овој вакцинален пункт во којшто се аплицираше втора вакцина. Пунктот работеше утрово од 08:00 до 15:30 часот. Од понеделник, 21 јуни пунктот ќе работи 30 минути подолго.

Др Марина Тодорова

-Оваа недела на пунктот за масовна имунизација во Велес, се аплицирани 39 дози на вакцини од видот „АстраЗенека“ и 840 вакцини од видот „Фајзер“. Вториот вид на вакцина како прва доза го добиваа лица од 40 до 59 годишна возраст. Ова е прв ден во којшто спроведуваме ревакцинација со вакцината „Синофарм“. Ќе продолжиме и од понеделник со тоа што ќе го зголемиме за 30 минути работното време. Тоа значи дека ќе вакцинираме до 16:00 часот со оглед на пријавениот број на граѓани за ревакцинација. Исто така од понеделник, на вакциналните пунктови во Здравствен дом Велес, ќе започне ревакцинација на граѓаните што ја имаат примено првата доза на „АстраЗенека“, рече Д-р Марина Тодорова, координатор на вакциналниот пункт во Велес.

Од 25 мај, денот кога почна да функционира вакциналниот пункт во Велес, до денеска, вакцинирани се 6.262 граѓани од Велес и од соседните општини. Паралелно граѓани се вакцинираат и ревакцинираат и на две вакцинални места во Здравствен дом Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.