Вечерва започнува меѓународниот фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“
Кавадарци следните три дена, по четврти пат ќе биде домаќин на меѓународниот фестивал „Кавадаречко фолклорни средби“. Во годината кога Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ одбележува 70 години постоење и исто толку години фолклорни дејности чиј носител е фолклорниот ансамл „Тиквеш“ се организира овој фестивал.
На фестивалот ќе учествуваат фолклорен ансабмл „Тиквеш“ од Кавадарци, КУД „Јане Сандански“ од Неготино, ЖФГ „Радоцишанки Етно“ од Радовиш, фолклорен ансамбл „Мегдан“ од Богданци, како и гостите од КУД „Живинице“ од Босна и Херцеговина, „КУД „Шумадија“ од Горни Милановац од Србија, Фолклорен ансамбл „Бејармуду“ од Северен Кипар и фолклорен ансамбл „Љубовњан“ од Стара Љубовња од Словачка.
Свеченото отварање на фестивалот ќе биде вечерва, 06 јули, со почеток во 20:00 часот. Сите фестивалски вечери ќе започнуваат во истиот период и ќе се одржуваат на Градскиот плоштад во Кавадарци. Но, секоја вечер, ќе има дефиле на учесниците по централните градски улици коешто ќе започнува во 19:30 часот.
Фестивалот е во рамките на „Кавадаречко културно лето 2023“, и е поддржан од Локална самоуправа на општина Кавадарци и Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Стефани Манева