ГДОМ: Новинарите Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Катерина Блажевска работат против македонскиот народ и држава

Објавено на 9 мај, 2016 во 19:13

Имињата на неколку македонски новинари беа спомнати на деветиот ден од контрапротестите на поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Според претседателот на велешкото Здружение на пензионери Веле Алексовски кој вечерва говореше пред поддржувачите тие новинари биле соработници на странски служби и „дебело“ платени од СОРОС. Ацо Кабранов, Ана Петрушева, Борјан Јовановски, Катерина Блажевска, се дел од македонските новинари кои вечерва беа спомнати како предавници на македонскиот народ и држава.

„Тие се божем големи новинари и интелектуалци. На чело на оваа група стои дебело платениот, мртвиот жив човек на СОРОС Владо Милчин, Сашо Ордановски, Ацо Кабранов, Ана Петрушева у Београду живее таа, невладини организации основани во мирољубивата и меѓу мирољубивиот народ косовски во Приштина. Од таа соседна земја пријателска ни доаѓаат најголемите закани, платени се разбира од големите сили.  Борјан Јовановски, син на познат писател, школуван и зборува неколку странски јазици и сетоа тоа го плати овој македонски народ за тој сега да ужива а тој им враќа со закани на тој што го школувал и на тој што го изгледал . Меѓу нив се наоѓа и едно остро новинарско перо, ама нереално, Катерина Блажевска. Германскиот „Дојче Веле“ шири и дистрибуира лаги и невистини како и многу други финансирани од Џорџ Сорос“, рече Алексовски

Историчарот и раководител на подрачното одделение на Државниот Архив, Слободан Ников пак рече дека група антинакедонци неколку недели ги сквернават спомениците низ државата.

„Колку е жално да се помине покрај тие споменици. Јас деновиве бев во Скопје и поминав преку мостот „Слобода“ сите рељефи кои се поставени на него и се одраз на македонската историја и култура се целосно во боја и не можат да се препознаат. Жално е да се гледа како македонци, ако можат да се наречат така, ги сквернават спомениците“, рече Ников.

Контрапротестот на поддржувачите на ГДОМ и вечерва се одржа во цемтарот на градот пред просториите на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Велес./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.