Власта на Молдавија по искуства во Македонија!
Дојдоа да научат како да спроведат територијална организација и да се децентрализираат.
Интересот на високата делегација од Молдавија е насочен кон собирање искуства од земјава бидејќи кај нив само што започнал овој процес. Во Македонија ќе останат пет дена за да стекнат што повеќе знаења и да ги пренесат кај нив за полесно да го применат нашиот модел на територијална организираност. Денеска делегацијата од Молдавија беше гостин на општините Велес и Кавадарци. Ги избрале затоа што веќе знаат дека Велес е општина за пример а Кавадарци, општина која во2004 година се спои со тогашната општина Конопиште и е модел за успешна општина, инвестициона дестинација со висок квалитет на општински услуги.
„Она што го правиме како општина е економскта промоција на градот и секако на целиот Повардарски регион. Сродноста на нашите стопанства ни дава надеж дека можеме да соработуваме и да разменуваме бизнис посети и сето тоа да се преточи во бизнис соработка на двете економии од двете пријателски земји“, рече градоначалникот на Велес, Горан Петров.
„Гостите покажаа голем интерес за спроведувањето на децентрализцијата во Македонија а ние како добри домаќини им ги пренесовме сите наши искуства и им укажавме за проблемите со кои се сретнавме на почетокот, “ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
Високата делегација на Молдавија е составена од претставници на централната, регионалната и локалната власт, како и претставници од невладиниот сектор. Гостите искажаа задоволство од тоа што го слушнле и рекоа дека македонскиот модел е лесно применлив.
„Ова е проект составен од две фази. Првата е оваа студиска посета на преставниците на локалните самоуправи од Молдавија во Македонија а втората ќе се состои во тоа што експерти од Македонија ќе бидат поканети на една меѓународна конференција на тема на децентрализација која ќе се одржи во Молдавија. Она што е особено интересно за Молдавија се искуствата од меѓу општинската соработка во Македонија “ рече Михаил Росшчован, од Институтот за Бизнис и коналтинг на Молдавија.
Овој институт и институтот “Сфера Нова“ од Скопје се организатори на оваа студиска посета преку проект финансиран од програмата „Исток-Исток“ преку фондацијата Отворено општество од Њујорк.
