Полицијата осомничи наставник !
Наставник по физичко воспитание во ОУ „Блаже Коневски“во Велес заработи кривична пријава затоа што не пријавил дека двајца ученици нему му предале две златни синџирчиња што ги пронашле во соблекувалната на спортската сала.
Триесет и седум годишниот П.Ж е осомничен за две сторени кривични дела „затајување“ и едно кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според полицијата на наставникот, минатиот месец и во септември, двајца ученици му ги предале златните синџирчиња со приврзоци откако ги пронашле. Тој ги земал и наместо да ги пријави, протиправно ги присвоил, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.000 денари. Еден ученик си го побарал златното синџирче од наставникот кој пред него негирал дека тоа претходно било пронајдено.