Велешани ги собраа потписите за еколошката иницијатива!
Велешани ги собраа половина од потребните граѓански потписи за еколошката иницијатива со која се бара дополнување на законот за заштита на животна средина.
Педесет граѓани се потпишаа за предлогот, во иднина, топилиници, рафинерии и други фабрики кои спаѓаат во категоријата на тешки загадувачи да се градат и да работат на растојание од 5 километри од периферијата на населено место.
Останува да се почека само уште на потписите на граѓаните од Битола, Охрид и Скопје кои ги собираат еколошките друштва Молика, Грашница и Еко. Претседателот на велешкото друштво Вила Зора, Ненад Коциќ рече дека поради заверка на иницијативата на нотар во овие градови собирањето на граѓанските потписи почнало во понеделникот попладне наместо претпладне.
„Сега и таму се собираат потписите, се разбира во подрачните одделенија на Државната изборна комисија. Очекуваме дека во среда ќе ги имаме потребни сто потписи а веднаш потоа да ги документираме и иницијативата ќе ја испратиме до претседателот на Собранието на Република Македонија“, рече Коциќ.
Потоа екологистите ќе чекаат на одговорот од Трајко Вељановски кој треба да потврди дали за еколошката иницијатива ќе расправа македонскиот Парламент.