Момче истепа девојка пред интернат, воспитувачите пријавија во полиција

Објавено на 7 декември, 2012 во 16:05

Љубовна расправија меѓу момче и девојка завршила со инцидент.

Настанот се случил синоќа околу 20.15 часот пред зградата на велешкиот интернат потврдуваат за дума.мк од велешката полиција.  Девојката е од едно од велешките села, малолетна и сместена во интернатот. Момчето со кое била во врска е 33 годишен велешанец. Синоќа на тротоарот пред интернатот се карале по што момчето се разлутило и започнало да ја тепа девојката. Настанот се случувал пред очите на учениците кои се сместени во домот „Лазар Лазаревски“ и тие на помош повикале воспитувачи.

 

„Нашите вработени веднаш повикаа полиција која за брзо време пристигна. Ние сме должни секој инцидент кој е поврзан со некој од нашите штитеници да го пријавуваме“, вели Петре Илиев, директор на ученичкиот дом.

Сега полицијата работи на случајот и по завршувањето на истрагата ќе поднесе соодветна пријава против напаѓачот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.