Во Велес ќе се отвора бизнис центар, во Неготино тело за енрегетска заштеда
Два поголеми проекти битни за Повардарскиот регион ќе реализира во скоро центарот за развој на општините кои припаѓаат таму. Вардарскиот плански регион и УНДП потпишаа договор за поддршка на двата проекти.
Со првиот е предвидено да се отрвори бизнис центар со седиште во простории на поранешното „Радио Велес“.
„Таму ќе се развива стопанството. Предвидено е да биде центар каде што сите фирми без разлика дали се работи за мали, средни или големи компании ќе имаат можност да добиваат логистичка поддршка за се она што им преставува потреба во работењето“.
Вториот проект е отворање на рег ионално тело за енергетска ефикасност. Седиштето ќе биде во Неготино, но ќе го покрива целиот вардарски регион.
„И двата проекти се од областа на меѓуопштинската соработка. Поточно ќе се обидеме и верувам дека ќе успееме да воспоставиме сервиси за енергетската ефикасност, но и за поддршка на малите бизниси“, вели Алесандро Фракасети, преставник на УНДП во земјава.
Општините ќе помогнат во уредувањето на просторот каде ќе се наоѓаат овие две институции, додека УНДП ќе ја набави опремата за мерење на заштедите на енергија во регионот. Ќе се контролираат сите видови на потрошувачка енергија во сите девет општини кои ги покрива центарот. Со ова и двете страни очекуваат дека ќе се зголеми заштедата на струја кон што сите се стремат.