Обновено: Аце Коцевски за градоначалник, Благој Коларов носител на листа на СДСМ!
Коалицијата на СДСМ го фати последниот воз за кандидатури во Велес.
Аце Коцевски е кандидатот за градоначалник на СДСМ, а носителот на листата на советници е Благој Коларов. Ова за Дума.мк го потврдуваат партиски извори кои доцна вечерва, на неколку минути пред полноќ го испочитуваа крајниот дополнет рок за поднесување кандидатури. На листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ се најдоа уште Панче Иванов, Тања Најдова, Александар Домазетов, Борче Павлов, Еленче Тевчева од ЛДП, Митаат Машлак, Маријанка Мишова, Кире Гајдов од НСДП, Рајне Стојанова од ВМРО НП, Иван Ивановски, Петре Стојанов од Обединети за Македонија, Асен Прличков, Даниела Стојановска Панова, Гоце Димановски, Тони Николовски, Милка Србова, Драгослав Поп Андов, Пепи Ушев, Миле Гуриќ, Маја Стојанова, Филип Начаров и Гордана Симонова.
Од ОИК за Дума.мк потврдуваат дека кандидатурите се пристигнати. но повеќе детали најавија за подоцна. Инаку пред два дена пристигна и нова кандидатура за градоначалник на Велес и тоа од партијата Титови леви сили, а тоа е Горан Мишков. Со ова петмина се во трка за градоначалничката фотеља.\Б.Н.
