Чадиев: Локалната економија приоритет за ВМРО ДПМНЕ!
Развојот на Велес на економски план и постојана работа за зајакнување на економијата во општината е еден од главните приоритети за ВМРО ДПМНЕ истакна денеска кандидатот за градоначалник од оваа партија, Славчо Чадиев.
За да се подобри квалитетот на животот на граѓаните со добивањето на нивната доверба, локалната власт на општина Велес во наредниот период ќе продолжи да се фокусира на градење партнерство со бизнисот најави Чадиев.
„Во тој правец во нашата изборна програма е предвидена и изградба на нова индустриска зона во близина на Караслари. Во првата фаза зоната ќе се уреди инфраструктурно со комунална и сообраќајна инфраструктура. На тој начин ќе се овозможат услови за парцелите да се понудат на потенцијални инвеститори. Како адут за привлекување на странски инвестиции ќе се уредат и зоните УЗУС и Речани“ рече Чадиев.
Тој вели дека во УЗУС и Речани веќе се продадени 55 локации. Зоната која е предвидено да се гради близу Караслари пак вели Чадиев, би имала одлична местоположба бидејќи е на 8 километри од градот и е поврзана со автопатот Скопје-Гевгелија. Тој верува дека со отворањето на нова зона и доуредувањето на двете постоечки, очекувањата за привлекување домашни и странски инвеститори ќе станат реалност./Б.Н