Не е инвалид кога треба да земе пензија, неподвижна е кога треба да гласа на избори!
Велешанката Рубинка Панова никако не може да добие инвалидска пензија иако е речиси неподвижна. Никојне и затропал на врата за да и помогне, освен за глас за на локалните избори.
Велешанката Рубинка Панова не е инвалид иако има вештачки колк , речиси целосно оштетена карлица и поткусена нога. Ова го проценила комисијата за инвалидски пензии и тоа во неколку наврати и го отфрлила нејзиното барање со образложение дека е работоспособна. Панова пак се чуди како може докторите да и велат да се врати на работа како чистачка во приватна фирма кога таа едвај се движи и тоа со помагала, никако не може да стои без нив, а не може ниту да се наведне.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=1OIW4yIuGAU&feature=youtu.be{/youtube}
„Би сакала само да го прашам министерот за труд и социјала дали законот за инвалиди е само форма. Нека ми каже на кој начин јас да се движам или нека донесе доктори стручњаци кои ќе можат да ме оспособат јас да работам“, рече Рубинка Панова.
Пановска ги исполнува сите услови кои ги пропишува законот за да добие инвалидска пензија, освен најважниот, мислењето на комисијата кое секогаш е негативно. Пред точно една година се охрабри и проговори јавно па преку медиумите доби ветување дека ако ги исполнува законските улови, пензија ќе добие. Но, од тогаш ништо не се промени иако ги поминав сите административни процедури, вели Панова. Револтирана е што од тогаш сите ја заборавиле се до пред неколку дена кога на врата и затропале за да ја евидентираат да гласа во сабота бидејќи е неподвижно лице.
„Како сега во време на избори сите научија дека јас земам нега, дека не сум способна, со отежнато движење? Сите сега ме најдоа за избориве за да гласам. За што ме бараш, ме бараш за глас, а не знам зошто кога јас немам никакво друго право во оваа држава, немам право на пензија“, рече Панова.
Панова сака да работи и вели никогаш не би барала помош ако е способна да си го издржува невработеното семејство. Но, за неа тоа е невозможно. Поради ова на одлуката на комисијата веќе се жали пред второстепена комисија, испратила и преставка до народниот правобранител, но не се надева многу.