Дефекти на водоводната мрежа оставија неколку улици без вода!
Од Јавното комунално претпријатие велат се работи на терен.
Улицата Никола Карев, која се наоѓа зад интернатот неколку часа беше без вода за пиење поради дефект. Реагираат станари од зградите на оваа улица кои велат дека и во претходните неколу денови се случувало по два часа чешмите да секнат и тоа најчесто во периодот од 10 до 12 часот претпладне.
Од ЈКП Дервен информираа дека има дефект на водоводната мрежа, цевката каде се појавил дефектот за брзо време била лоцирана и се работи на отстранување на дефектот. Екипите на јавното претпријатие ке работат се додека не им пуштат вода на граѓаните од тој дел на градот.
Бидејќи работеле по пријава на граѓаните, претходно од таму не стигнала никаква пријава и затоа немале евидентирано дека граѓаните биле без вода.
Пукната цевка од синоќа има и на улицата Цветан Арсов кај Црна Џамија. По пријава на граѓаните кои живеат во овој реон екипи на претпријатието работат и таму, велат од Дервен. Апелираат секаде каде има проблем со снабдувањето со вода велешани да пријават на дежурниот телефон. /Б.Н.