Во сабота прво прскање против комарци во Велес!
Ако временските услови се лоши и врне, тогаш општината најавува дека во недела утрото ќе се прска против инсектите.
Три пати ова лето ќе се прска за да се уништат бубачките на територијата на Општина Велес, најавија од таму. Првото прскање ќе се случи во сабота, а доколку временските услови се неповолни тогаш ова се поместува за еден ден.
„Фирмата Бони Ер е избрана на тендер за да ја изврши аеросолната дезинсекција и е единствена во земјава која има авион што може да го реализира ова. Ќе прска над целата територија на општината па за тоа преку соопштенија веќе ги известивме одгледувачите на пчели да ги заштитат бидејќи и тие може да настрадаат од хемикалијата. Ова го реализиравме и во претходните години и се покажа многу успешно“, реле Катица Чадиева, Општина Велес.
Инаку од таму најавија дека ќе разговараат и со преставници од соседните општини за кои се надеваат дека ќе реализираат барем две авионски прскања против инсекти на нивната територија. Сметаат дека само така ефектот од прскањето ќе биде целосен./Б.Н.
