Екологистите, на денот на планетата Земја, со платформата Зелена Македонија бараат решенија за десетте жешки точки од политичките партии

Објавено на 22 април, 2014 во 11:32

Велес  сеуште има историски еколошки загадувања со состојбата на почвата, квалитетот на храната, со близината на топилничарската депонија до градот и градините на кои воглавно се одгледува зеленчукот што граѓаните го купуваат. Денеска кога светот по четириесет и петти пат го одбележува денот на планетата Земја и ги потенцира главните и сериозни проблеми кои се закана за човекот и за  биодиверзитетот, бара поголемо глобално внимание преку практикување на одржливиот развој екологистите на „Вила зора“ сметаат дека Македонија конечно треба да покаже дека мисли на иднината за своите ѓраѓани и на заштитата на животната средина.

Тоа државата може да го покаже со тоа што прво ќе почне да ги решава жешките еколошки точки, вели првиот велешки екологист д-р Ненад Коциќ.

„Пред преставниците на политичките партии во Скопје ќе ја промовираме Зелената Платформа. Тие веќе ја добија и ја разгледаа а денеска очекуваме одговор дали ја прифаќаат, поточно нашите предлози за решавање на десетте жешки точки или пак ќе предложат нивни решенија за решавање на истите, рече д-р Коциќ.

Д-р Коциќ го прашавме што ќе се случи доколку политичките партии не ги прифатат решенијата на тимот составен од експерти и екологисти содржани во Зелената платформа.

„Наше е да им понудиме како ние мислиме дека треба да се решат проблемите а одговорноста и последиците се нивни доколку ги прифатат или не ги прифатат или пак понудат сопствени решенија за решавање на десетте еколоѓки жешки точки во Македонија,“ рече д-р Коциќ.

Платформата Зелена Македонија ги содржи решенијата на екологистите и експертите за дислокација на топилничарската згура во Велес, решенијата за  индустриското загадување во Кавадарци, Тетово, Скопје, Битола и Кичево, бесправната шумска сеча, загадувањето на реката Вардар, заштитата на националниот парк Маврово и реката Радика, зачувувањето на езерата и нивниот биодиверзитет, прогласувањето на Шар Планина и планинскиот масив Мокра за национален парк, давањето приоритет за воспоставување и прогласување на мрежата Натура 2000 во Македонија, заштитата на културниот диверзитет, дополнувањето на Законот за животна средина со цел забрана за градење индустриски капацитети на растојание помало од 5 километри од населените места како и спроведувањето на законите за управување со отпад

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.