Општина Велес и бизнис секторот во заедничка акција за помош на настраданите во регионот
Општината и бизнис секторот во акција за помош на настраданите од поплавите во регионот. На денешната заедничка средба се одговорија да помогне кој колку може и што може. Дел од нив веќе испратиле донации, но тоа ќе го сторат и во иднина. Градоначалникот Славчо Чадиев веќе стапил во контакт со првите луѓе на збратимените градови Зеница и Ужице и им понудил помош од општината.
„Ние веќе имаме листи на кој град што му треба од помош така да во иднина ќе делуваме според нив и потребите на овие луѓе. Еве веќе наредниов период општината ќе испрати и еден шлапер вода, така да постојано ќе ја следиме состојбата и ќе донираме, рече Чадиев.
Претставниците на бизнис секторот во градот се договорија да донираат финасиски средсва, но не се откажуваат од помош и со материјални добра.
„Бевме во дилема што да се донира дали финансии или маѕтеријални добра, одлучивме финансиски да помогнеме кој колку може. Бизнис секторот е секогаш таму каде што е најпотребно да биде за да им помогне на нашите соседи, рече Трајче Трајков, претседател на Регионална стопанска комора.
Градоначалникот Чадиев им се заблагодари на велешани за нивната хуманост и посветеност во акцијата за помош на настраданите граѓани од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Особено изрази восхит за неговите сограѓани кои директно се вклучија во хуманитарната акција на загрозените подрачја од регионот./Д.С
