Тргнаа кајакарите учесници на годинешната Вардарска регата

Објавено на 22 мај, 2014 во 12:28

Од Градскиот парк денеска стартуваше четвртата по ред Вардарска регата Св.Кирил и Методиј. На неа учествуваат 65 кајакари од земјава и странство. На спортски чамци и кануа запловија по Вардар. Треба да поминат 200 километри и до недела да стигнат до крајната дестинација Солун.

„Регатат ќе се вози во четири етапи. Првата е до Стоби ,втората етапа е Демир Капија ,третата е Гевгелија и на четвртата во недела се пристигнува во Солун„вели Александар Коцев кој е организатор на Регатата.

На неа учествуваат луѓе од Австрија, Германија, Словачка, Бугарија и Србија, а само неколкумина се од Македонија. Дел од кајакарите се традиционални учесници  и имаат убави спомени, додека другите за прв пат учествуваат.

„Втора година сум на регатата. Многу е убаво. Лани дојдовме четворица учесници од Австрија ,а сега сме 13. Јас сум организатор на меѓународната дунавска регата за Аврстија и годишно поминувам од 1000 до 2000 километри со вакви регати,“ рече кајакарот Јанис Канделка од Австрија.

„Веслањето многу го сакам. Од Јанис научив колку е убаво да веслаш на Вардар. Доста информации добив од интернет и еве дојдов да видам навистина како е,“ рече Ерика од Виена од Австрија.

Организаторите на Регатата велат дека Вардар сега е идеален за пловидба. Изминативе денови направиле проверка на патеката и ги детектирале сите поопасни места на кои е предвидено да се плови повнимателно.

„Мора се да биде според правилникот на светските регати. Спортските регати се со кајаци и кануа ,но овде не се сите професионалци ,туку има и туристички веслачи ,нормално имаат големо искуство затоа што одат на сите регати ,Дунавски, Савски, Дрински итн. Затоа сметам дека имаат доолно искуство и Вардар да го поминат ,но за секој случај со нас доаѓаат и кајакари од клубот Бабуна кои ќе бидат задолжени за безбедноста „вели Коцев.

Оваа регата, трета година е влезена во календарот на светски регати./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.