За време на матурските прослави годинава достоинствено и мирно

Објавено на 23 мај, 2014 во 11:23

Нападнатите тројца полицајци од група матуранти во Трговскиот центар во Нова населба кој лани фрли сенка врз одбележувањето на матурските вечери во градот годинава не се повтори. Полицијата оцени дека матурските прослави беа достоинствени и со нив уште една генерација средношколци ја одбележа својата зрелост.

Од СВР Велес се задоволни што немало меѓусебни тепачки, сообраќајни несреќи и други инциденти  . Полицијата задоволна што се почитувале нејзините препораки. Според надлежните за ваквиот резултат заслуга имаат матурантите, нивните родители, наставниците но и полицијата која несебично соработувала со нив и го дала својот придонес. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.