Чекор до чекор, со читање до лидерство

Објавено на 27 мај, 2014 во 16:10

Тетатрска претстава, сликовници на дофат, насмеани и разиграни деца. Вака беше денеска во посебното основно училиште „Маца Овчарова“. Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ го спроведува проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Преку него се проценуваат јазичните и математичките вештини кај учениците, се зајакнуваат педагошките вештини на наставниците и подигање на свеста за важноста на овие параметри во писмениот и интелектуалниот развој на децата.

„Проектот нуди иновативни и креативни пристапи и активности како што се читачки караван, библиотека на тркала и дигитална библиотека со материјали за учење соодветни за возраста на учениците. За прв пат во државата ќе бидат спроведени инструментите за мерење на постигањата по јазична и математичка писменост, со што ќе обезбедат резултати кои ќе дадат јасна слика за тоа на кој степен е знаењето и како да се подобри,“ рече Ана Димовска од Фондација за образовни и културни иницијативи.

Од големо значење се ваквите проекти во нашето училиште, велат надлежните. Тие можат во голема мера да го подобрат степенот на знаење на децата.

„Јас го поздравувам овој проект и од него треба да излезат иницијатива до министерството за образование за промена на начинот на оценување на овие деца, бидејќи се соочуваме со голем проблем во врска со тоа, “рече Татјана Љапова, директор на ПОУ Маца Овчарова.

Проектот „Со читање до лидерство“ се спроведува во шеесетина одбрани училишта низ земјава, од рурални и урбани средини./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.