Велешани не пријавиле штети од вчерашното невреме

Објавено на 27 мај, 2014 во 10:02

И Велес вчера половина час беше зафатен од  пороен дожд, град и ветер но никој не пријавил штети и не побарал отштета. Велешани кои пред неколку години пријавувале штети од невреме и полави велат дека државата до сега не ги обештетила. И од општината потврдија дека од  ланското невреме се уште не се исплатени отштетите.

„Одкако сум јас градоначалник не се исплатени отштети, ама лани имаше само едно невреме.  Комисијата бараше дополнителни документи и дури сега ги испративме. Сега штети нема пријавено, а доколку има такви граѓани ги охрабрувам да пријават“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Инаку од вчерашниот дожд над Велес најпогодена беше населбата Поток, каде надојде водата во потокот, кој мине покрај домови на стотици граѓани. Тие имаа среќа бидејќи куќите им останаа  суви. Ги спасија потпорни ѕидови кои одамна ги изградиле токму поради проблемите кои ги имаат после секој дожд.

Општината формираше кризен штаб за санирање на последиците од дождот. Ова тело, составено од претставници на Противпожарната единица, јавното комунално претпријатие „Дервен“, полицијата, Центарот за управување со кризи и општина Велес, ќе ги следи информациите поврзани со евентуално ново невреме и со него ќе треба да се справи./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.