Малолетници пиеле алкохол и седеле по полноќ во угостителски објекти

Објавено на 29 август, 2014 во 12:43

Во два угостителски објекти во Велес малолетници пиеле алкохол а во еден седеле после полноќ. Ова го констатирала полицијата во редовните контроли што ги направила овој месец. Против угостителите ќе бидат поднесени пријави откако целосно ќе се документираат кривичните дела или прекршувањата што ги сториле.

Првите два угостителски објекти ќе одговараат за кривично дело „точење алкохол на малолетни и пијани лица“ а третиот за прекршок „овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24,00час.“ .

Од Секторот за внатрешни работи Велес велат дека и во иднина ќе продолжи со редовни контроли во угостителски објекти поради одржувањето на јавниот ред и мир на граѓаните. Ќе ги следат состојбите и со пушењето а ќе мерат и бучавост која произлегува од угостителските објекти.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.