Симонови со хуманитарен концерт ќе се обидат да соберат пари за операцијата на Валентина
Преку хуманитарен концерт семејството Симонови ќе собира пари за операција. Концертот ќе се одржи на 15-ти септември во спортската сала Гемиџии во 19 30 часот.
Ќе учествуваат познати имиња од македонската естрада, Марјан Коцев, Миле Кузмановски, Новица Василевски, Зоран Џорлев, Анета Молика, група Љубојна и маестро на труба Џамбо Агушев, а билетите ќе чинат само 100 денари. Велешани ќе можат да ги набават на билетарницата на спортската сала. Симонови се надеваат дека велешани и овој пат ќе ја покажат својата хуманост и ќе присуствуваат на концертот.
„Јас сум оптимист и се надевам дека ќе ги собереме потребните пари. Очекувам и општината да ми помогне бидејќи поднесов барање. Апелирам и ги повикувамм сите велешани да присуствуваат на концертот а за тоа ќе им бидам многу благодарен, рече Симонов.
Три илјади евра се потребни за операција на Валентина Симонова која веќе шест години боледува од мултиплекс склероза. Надеж и дале докторите од клиниката за васкуларна хирургија во Ниш, и ветиле дека по операцијата значително ќе и се подобри здравствената состојба. Инаку засега Валентина е врзана за кревет, не може да си ги извршува ниту најосновните потреби бидејќи десната страна од телото и е неподвижна. Нејзиното лекување е скапо и нејзиното семејство не може да си го дозволи. Затоа бараат помош од добронамерните и хумани граѓани./Д.С
