Годинава две паралелки со првачиња повеќе од лани

Објавено на 2 септември, 2014 во 12:23

Негативниот тренд на запишани ученици во основното образование не важи за општина Велес. Годинава во петте основни училишта во градот се запишале дури 61 првооделенец повеќе од лани. Ако минатата година имаше 530 првачиња, годинава на училишните клупи седнаа 591 прваче. Зголемениот број на првооделенци го зголеми и бројот на ученици во паралелките за две до три повеќе.

Дел од основните училишта се задоволни од уписот, но дел не се. И покрај тоа што според законот се уште важи упис на дете според реонизација, родителите не го почитуваат, ги запишуваат своите деца според нивните мерила и правила. Па така состојбата во училиштата од левата страна на градот е во незавидна положба. Таму се запишуваат помалку ученици.

За разлика од нив основното Блаже Конески е на водечкото место. Бројот на запишани ученици секогаш предничи во однос на другите училишта. Таму годинава, во пет паралелки ќе учат вкупно 158 првооделенци.

„За условите во градот, тоа е голема бројка. Ние сме многу задоволни. Во прво одделение запишавме 158 ученици кои ќе бидат рапоредени во пет паралелки, рече Љупчо Николовски, директор на ООУ „Блаже Конески“.

Позитивен тренд има и кај детската градинка Димче Мирчев. Таму секоја година се запишуваат повеќе деца. Оваа учебна година, петте клона ќе ги посетуваат над 1000 деца./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.