По обилните дождови се чисти и средува низ Велес

Објавено на 3 септември, 2014 во 13:26

Затнати шахти, канализации и сливници. Ова се последиците од обилните дождови што вчера наврнаа на територијата на општина Велес. Речиси на сите реони во градот јавното комунално претпријатие интервенираше со цистерни и ги отзатнуваше натрупаните со кал шахти и канализации. Најкритично беше во новиот дел на Велес на улиците Никола Карев, Благој Ѓорев и Киро Ќучук.

И денеска на овие улици се забележуваат последиците од вчерашниот дожд. На улицата Тодор Јанев на која се поставува нова канализациона линија, до врв е наполнет ископаниот ров. Колкава е направената штета ќе се утврдува откако ќе се повлече водата, тогаш претпријатието ќе треба да почне да ги санира штетите.Денеска комуналците интервенираа и на улицата Илинденска, ги отзатнуваа местата каде се сливала водата.

Силниот дожд што го зафати Велес вчера ги поплави и главните сообраќајници, па возилата едвај се движеа. Водата што се слева од горните зони на градот ги наполни улиците, подвозниците и надвозниците. Тие се речиси непроодни, па граѓаните мораат да ги заобиколуваат.

Од јавното комунално претпријатие велат дека ќе ја следат состојбата и ќе проверат дали има потреба да се повтори интервенцијата. Инаку вако време со обилни дождови, синоптичарите прогнозираат и во останатите денови до крајот на неделата./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.