Педесет годишна велешанка живее во мрак и глад

Објавено на 3 септември, 2014 во 13:43

Во темнина и на свеќи цела година живее педесет и едно годишната велешанка Димитрула Дерменџиева. Во старата куќарка, што и останала во наследство од починатата сестра, живее сама и без основните хигиенски услови за живот. Месецот го поминува со илјада денари, пари што ги добива од продажба на пластични шишиња.Тие не и стигнуваат ниту за леб.

„Едвај илдадарка можам да заработам од шишињата. Од тие пари триста денари давам за тракторот што ми ги носи шишињата и мене ми останува само седумсто денари, што попрво со тие пари, немам ниту за леб, а камоли за нешто друго, рече Димитрула.

Освен парите од шишињата Димитрула нема друг извор на егзистенција. Паричната помош од Центарот за социјални работи и ја укинале пред три години бидејќи работела со пластични шишиња, па сега преживува со тоа што го добива од нивната продажба.

Но Димитрула не ја мачи само сиромаштијата, голем товар и претставува и натрупаниот долг за струја од околу триста евра.

„Вчера бев во социјалното за да поднесам документи за отпис на долговите, барем за струјата да ми го простат долгот и да ми ја пуштат, вака во темница живеам веќе неколку години. Но кога им реков за социјална помош, ми рекоа дека сега имаат многу работа и не можат да ми помогнат, рече Димитрула.

Дополнителен стрес на Димитрула и прави и престојната зима, бидејќи не знае како и со што ќе купи огревно дрво. Таа се надева на хуманоста на граѓаните и очекува помош барем во храна и облека./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.