Граѓани од ранливите категории бараат отпис и на долговите за вода

Објавено на 4 септември, 2014 во 12:04

Вкупно 592 барања за отпис на долг до денеска се поднесени во велешкиот Центар за социјални работи. Граѓаните од ранливите категории најчесто бараат државата да им ги прости долговите за струја и за радиодифузна такса. Ретко кој од нив побарал отпис на долг за кредит. Велешани прашуваат зошто во правилникот нема можност за отпис на долг за вода.

„Јас имам околу сто евра за радио дифузна такса и сега поднесов барање да ми го отпишат. Но не ми е јасно зошто нема за вода, има луѓе кои имаат големи долгови за вода, имам и јас, бидејќи веќе неколку години сум социјален случај.“

Од центарот за социјални работи објаснуваат дека долгот за вода не е регулиран во правилникот бидејќи Владата не склучила договор со јавните комунални претпријатија.

„Според законските прописи основицата за долг за вода не е регулирана и не е ставена во правилникот бидејќи не е склучен договор со претпријатијата за комунални дејности и фактички тој долг не е влезен во правилникот за отпис на долгови,“ рече Димче Желков, правник во Центарот за социјални работи во Велес.

Наместо до 18 септември рокот за поднесување на барања за отпис на долгови е продолжен до 12 октомври годинава. До тогаш од Центарот очекуваат уште илјада велешани да побараат отпис на долговите што ги направиле до 31 декември 2013-та година./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.