Спортски Бон-Тон и фер плеј традиционални игри во Велес

Објавено на 4 септември, 2014 во 12:55

Машките напред и одпозади а девојчињата на средина и сите цврсто го држеа конопното јаже во рацете. Додека се чекаше звукот на свирчето со кое наставникот ќе го означи стартот на играта „тегнење јаже“  убаво беше да се гледаат детските зацрвенети образи, насмени лица и капки пот на главата. Во сите детски очите имаше жар за победа. Тие беа учесници во само една од повеќето традиционалните спортски игри на градскиот стадион во Велес.  Играта почна и појаката екипа победи а поразените им подадоа рака и упатија честитки.

Сто педесет деца, ученици од основни училишта од општините Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид, Свети Николе и домаќините од Велес на градскиот фудбалски стадион тегнеа јаже, скокаа додека на нозете имаа вреќа, се бореа за седнување на столче и играа уште неколку традиционални игри како учесници во спортската манифестација Спортски Бон – Тон.

“Многу ми е убаво, играме и се дружиме. За прв пат ја играм оваа игра трчање во вреќа и неколку пати паднав ама ништо не ми е, само се смеевме со другарите. Ќе продолжам да ги играм овие игри и со моите другарчиња од маало.“

„Интересно е бидејќи досега не сум играла ваки спортски игри. Најинтересна ми беше играта со влечење јаже кога мојата група победи. Сите си подадовме рака.“

Додека ги гледаа децата , претседателот Ѓорге Иванов, американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев се потсетија на омилените игри од своето детство.

„Видов некои игри што и ние како деца сме ги играле. Ние машките најмногу игравме џамлии, а девојчињата дама. Тоа беше живот исполнет со возбуда, сите се подготвувавме секој пат да бидеме подобри и најдобри. Тие игри не научија во животот секојпат да се стремиме кон подобро“, рече претседателот Иванов.

„Во Велес традиционално игравме игри како зуски, ашик, тегнење со јаже, к`цканка. Им ги предложив на организаторите да ги стават во наредниоот период како игри во проектот. Најважно е ние ова да го заштитиме како бренд и како иднина, рече градоначалникот Чадиев.

„Многу од овие игри се играа и во Америка. На пример и во Македонија има една игра која се вика „Војна“ а  во Америка ја викаме „Red rover“. Неа јас сум ја играл секој ден во училиште“, рече амбасадорот  Волерс.

Со овој неколку месечниот проект, кој денеска почна во Велес, ќе продолжи промоцијата на овој проект во останатите пет општини во Македонија. Спортскиот  Бон-Тон и фер плеј игра преставува модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи. Преку проектот се промовира и другарството.

„Кога ќе заврши овој проект ние ги интервјуиораме сите деца учесници и од нив ги извлекуваме сите ставови и потреби што ги имаат за да ги публикуваме. Според мои сознанија можам да кажам дека откако е започнат проектот има деца од различни градови што се уште се дружат и комуницираат. Ние имаме намера ова искуство на децата да го публикуваме и да го направиме како трајна вредност за државата“, рече координаторот на проектот Иван Анастасовски.

Проектот е инициран од Геостратешкиот Институт Глобал, помогнат од Амбасадата на САД во Македонија и покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.  Во државата, годинава се реализира по трет пат./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.