До крајот на годинава државата ќе издава под закуп обработлива земја во велешко
Преку електронско јавно наддавање ќе се бараат времените сопственици за парцелите. Ресорното министерство, на почетокот ќе понуди шест илјади хектари.
Според планот за продажба, државна обработлива земја ќе се нуди и во Велес. Подрачното одделение на министерството за земјоделство објави дека уште на почетокот на годината, предвидено е во велешко да се понудат 1.500 хектари. Цената по која ќе се издава земјата ќе зависи од класата, па така од прва до петта ќе чини 25 евра за хектар додека од петта до осма, обработливата земја ќе се издава по 15 евра.
Во зависност од намената за која ќе се користи земјиштето, закупнината ќе биде за период од 15 до 30 години. Инаку според податоците на министерството за земјоделство во велешко под закуп се доделени десет илјади хектари обработлива земја./Д.С
