Се става ред во такси превозот во Велес

Објавено на 10 септември, 2014 во 13:01

Секој лиценциран таксист ќе мора да поседува сертификат, документ што ќе го издава општината. Локалните власти сметаат дека на овој начин ќе се намали хаосот што моментално владее градските улици. Таксистите кои нема да го поседуваат сертификатот ќе бидат казнети.

„Јавниот повик ние го почнавма за да ја видиме бројката на заинтересирани. Сега рокот не го ставивме за да видиме колку лица се заинтересирани за да видиме како понатаму ќе ја спроведуваме обуката. Доколку има потреба ќе објавиме уште еден јавен повик,“ рече Елизабета Јовчевска од општина Велес.

За да го добие сертификатот такси возачот ќе мора да полага писмен испит. Ќе треба да одговори на прашања од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата и превозот на патниците. Посебна комисија ќе го проверува знаењето на возачите.

„Полагањето ќе се врши кај посебно правно лице, кое што општина Велес со посебна формирана комисија ги утврдува условите дали тоа правно лице ги исполнува техничките услови. Трошоците за обуката се на товар на заинтересираните, додека спроведувањето на обуката за англиски јазик ќе биде на товар на Буџетот на општината,“ рече Јовчевска.

Задолжителниот сертификат за такси возач е дел од измените во законот за превоз во патниот сообраќај. Освен оваа мерка такси возачите задолително ќе учат и англиски јазик./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.