Таксистите ќе полагаат испит за сертификат ако цената биде прифатлива

Објавено на 11 септември, 2014 во 13:01

Велешките таксисти се подготвени да го исполнат новиот критериум за вршење на дејноста. Ќе го полагаат испитот за сертификат, но бараат разумна цена за добивање на документот. Според последните измени во законот за патен сообраќај секој што ќе сака да се занимава со такси превоз ќе мора да поседува сертификат.

„Јас сум таксист од 1996 година. Досега сум се прилагодувал на прописите. Ако е потребно и сега тоа ќе го направам.“

Такси возачите очекуваат дека локалните власти ќе одредат пристојна сума за добивање на сертификатот оти според јавниот оглас, трошоците ќе ги сносат кандидатите. Според правилникот за добивање, документот ќе го издава општината а полагањето на испитот ќе го спроведува овластен испитен центар.

„Зависи колкава ќе биде сумата за полагање. Ако биде повисока од 2000 до 3000 денари тогаш некои и нема да го извадат“.

„Ке биде удар за нашиот скромен буџет секако, но мора и тој да се извади ако е потребно, ќе видиме,“ рекоа денеска таксисти.

Локалните власти неодамна го објавиа огласот за издавање сертификати за такси возачи. За добивање на сертификатот, такси возачот треба да полага писмен испит. Ќе се одговара на прашања од областите безбедност на сообраќајот на патиштата и превоз на патниците./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.