(ОБНОВЕНО) Полицијата поднесе кривична пријава против велешанецот за криумчарење на мигранти

Објавено на 12 септември, 2014 во 07:16

15:20 – Бивши полицаец од Велес е осомничен за криумчарење на мигранти. Против триесет и четири годишниот велешанец Е.Н. е поднесена кривична пријава за стореното дело, исто како и против непознато лице кое учествувало во нелегалното дело.

Бившиот полицаец е во бегство и по него е распишана потрага. Според полициската истрага, на почетокот на минатиот месец на патот Куманово-село Романовце, во близина на бензиска станица било пронајдено превртено товарно моторно возило со штипски регистерски таблици. Во негова близина полицијата открила деветмина илегалци од Нигерија и Сирија, додека возачот на камионот со уште четириесетмина бегалци избегле во непознат правец.

Станувало збор за две одделни групи мигранти кои во земјава стигнале во различен период. Едните од Нигерија преку Бугарија стигнале во Србија. Им помогнало осомниченото непознато лице и им зело по 400 евра за да ги пренесе до Италија.

Другата група беглаци пак нелегално од Грција влегла во Македонија и ги предводело истото лице на кое тгребало да му дадат по 850 евра за да ги однесе до Србија. На местото на сообраќајката освен товарното возило бил пронајден и автомобил марка “Рено клио“ со велешки таблици.

Кога се случила сообраќајката возачот на автомобилот кој се движел пред камионот не можел да се врати назад па го напуштил и избегал. Камионот бил купен од радовишанец за 2100 евра за да се врши транспортот на мигрантите.

Главен осомничен според истрагата е велешанецот Е.Н. кој всушност бил возачот на пронајдениот автомобил. Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, но тој не бил таму, најден е купопродажниот договор за автомобилот, службена легитимација издадена од МВР на негово име и телефон што го користел пријавениот.

Инаку бившиот полицаец бил инволвиран и во случајот „Франкфуртска мафија“ за што издржувал затворска казна од три години во Германија. Истовремено бил инволвиран и во други кривични дела како главен организатор за криумчарење на мигранти./Д.С

 

 

09:16 – Полицијата го пронајде триесет и четири годишниот велешанец Е.Н. сопственик на камионот полн со илегалци што имаше сообраќајка кај селото Романовце, минатиот месец.  Тогаш тој успеа да избега. Велешанецот  бил поранешен полицаец, вмешан и во случајот „Франкфуртска мафија“, за што издржувал казна затвор од три години во Германија.

Е.Н бил истовремено инволвиран и во други дела како еден од главните организатори за шверцување мигранти, соопшти МВР.

Полицијата го откри камионот во кој имало илегалци од Нигерија и Сирија оставен на патот откако сите ја преживеале сообраќајна несреќа. Возачот се исплашил и побегнал.Мал дел од илегалците останале на местото на несреќата мислејќи дека некој ќе ги земе и однесе на дестинацијата за која платиле.

Тие во полициска станица рекле дека во камионот имало педесеттина мигрантити. По сообраќајката дел од нив побегнале заедно со возачот. Од вкупниот број на мигранти, имало дел или дваесетина, кои од Нигерија преку Бугарија допатувале во Србија и за околу 400 евра од човек требало да бидат пренесени во Италија. Другите од Сирија дошле до Грција, па во Македонија и требало за околу 850 евра од човек да стигнат до Србија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.