Откриени крадци на огревно дрво

Објавено на 15 септември, 2014 во 11:40

Петмина дрвокрадци, кои ги пустошеле шумата во велешко, се фатени од полицијата во Чашка и Велес заедно со шумската полиција. Само едн од нив е фатен на дело, додека сечел, а останатите се откриени кога ги превезувале бесправно исечените дрва. Кај нив полицијата пронашла 11 метри кубни огревно дрво. Дрвократците се дел од полициската акција „Гора“.

При контролата во атарот на селото Степанци и месноста „Мукос“, полицијата сопрела возило Лада Рива во кое се превезувале двајца прилепчани. Возилото било натоварено со помала количина огревно дрво, а во него имало и две моторни пили и една секира.

Подоцна истрагата утврдила дека двајцата се враќале од бесправна сеча, од која успеале да соберат само шест метри кубни буково и дабово дрво.

Речиси на истото место откриени се уште двајца прилепчани со пет метри кубни дрва и моторна пила. При реализација на акцијата Гора, последниот случај на дрвократци е откриен во атарот на селото Бањица. Таму на дело бил фатен жител на селото како сече нелегално од шума со дрвја од видот габер.

Од министерството за внатрешни работи велат дека по целосно документирање на случаите, петмината дрвократци ќе добијат соодветни пријави./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.