На технолошко техничкиот факултет во Велес, годинава, бруцоши само нутриционистите

Објавено на 15 септември, 2014 во 12:32

Сто педесет и шест бруцоши ја почнаа новата студентска година на технолошко-техничкиот факултет во Велес. Најголем дел од нив се во Велес, додека останатите во Битола и Кичево. Се запишаа на единствената насока нутриционизам, што ја нуди факултетот. Надлежните велат дека оваа насока, од година во година, станува се поатрактивна не само за велешани туку и за младите од останатите градови.

„Во јуни годинава излегоа првите нутриционисти и морам да кажам дека оваа насока станува се побарана, бидејќи според новиот закон за работни односи, во секоја јавна установа каде има храна, мора да има вработен нутриционист кој ќе дели совети за храната, “рече Деканот др. Валентина Павлова.

Нутриционизмот не е нешто непознато за велешанецот Анес Алидини. Завршил гастрономија во средно образование, неговото семејство води бизнис со храна, па не е ни чудно што сака токму на оваа насока да го продолжи своето образование.

„Од секогаш ме импресионирала храната. Учев за готвач во средно училиште, нашиот семеен бизнис е исто така со храна и затоа одлучив да продолжам на нутриционизам затоа што мислам дека ќе имам голем успех, “рече Алидини.

Освен теорија, факултетот на студнетите им нуди и соодветна практична настава. Има склучено договори со педесетина фирми во кои студентите освен што стекнуваат пракса, дел од нив подоцна и се вработуваат. Во тек е третиот уписен рок на студенти. Надлежните очекуваат да се запишат уште дваесетина бруцоши./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.