Хуманите велешани вечерва на концерт за помош на сограѓанката Валентина

Објавено на 15 септември, 2014 во 13:25

Семејството Симонови во исчекување на вечерашниот хуманитарен концерт на кој ќе се обидат да ги соберат потребните три илјади евра за операција на нивната, мајка, сопруга Валентина Симонова. Тие се надеваат дека велешани вечерва уште еднаш ќе ја потврдат својата хуманост и ќе бидат дел од концертот на кој ќе настапат музичките естрадни ѕвезди Марјан Коцев, Миле Кузмановски, Новица Василевски, група Молика и Анета, велешкиот виртуоз на кларинет Благој Ламјов, групата Лубојна со Џамбо Агушев и балетската група Анабела.

Концертот ќе се започне во 19.30 часот во спортската сала Гемиџии.

Музичката манифестација преставува можност во хуманитарната акција да се вклучат граѓаните кои ќе потврдат дека е потребно меѓусебно да се помагаме. Човечката доблест е особено потребна кога се знае дека ќе биде спасен живот или некому ќе му се подобри здравствената состојба. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.