OБНОВЕНО: Нов случај на прегазен емигрант на пругата Скопје – Гевгелија

Објавено на 10 ноември, 2014 во 10:57

14:25 Железничката несреќа се случи утрово околу шест часот , на пругата во близина на спортската сала Гемиџии. Товарниот воз што сообраќал на релација Гевгелија –Скопје, удрил во пешакот кој се движел по пругата.

Тој бил дел од поголема група бегалци кои оделе пеш по пругата Кочани-Велес и во еден момент преминал на другата пруга. Токму тогаш наишол возот  и го усмртил. По трагедијата, останатите што биле со него се разбегале. Во моментот кога полицијата вршела увид на местото на несреќата затекнала друга група од десетина мигранти.

„Кога јавниот обвинител и полицијата вршеја увид на лице место на местото на несреќата се затекнати уште десетина странски државјани. Тие се наоѓаат во полициската станица и со нив се обабува разговор, рече Анита Стојкова, портпарол на СВР Велес.

Инаку ова е петта жртва на железничките линии во Велес за една недела. Дваесет и две годишен  бегалец од Авганистан беше прегазен  кај Згрополци, неколку часа покасно воз кај Неготино усмрти педесет и шест годишен сириец, а пред неколку дена на идентичен начин загинаа татко со своето бебе.

За неполни три месеци над триста бегалци од Блискиот исток се откриени во возови и по железничките пруги во Велес. Во потрага по подобар живот дел од нив завршуваат трагично./Д.С

 

11:57 Воз прегази емигрант утринава на железничката линија Скопје – Гевгелија, во близина на објектот Ликовен салон во Велес. Несреќата во полициската станица во Велес , околу 6 часот и 10 минути ја пријавил вработен во Македонски железници.  Починатото лице било прегазено од товарен воз. На лице место увид направиле јавен обвинител и полициска екипа. Се утврдува идентитетот на загинатиот емигрант, велат од полицијата.

Тој бил дел од поголема група на бегалци од блискиот исток кои оделе пеш по пругата Кочани – Велес и во еден момент преминал на пругата Скопје – Гевгелија. Токму тогаш наишол товарниот воз што го усмртил бегалецот. Поради несреќата и увидот неколку часа  по пругата не се одвивавал сообраќај. Сега железничкиот сообраќај е нормализиран./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.