Новата црква ќе биде осветена в година
Новиот соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, вратите за верниците најверојатно ќе ги отвори наредната година, информираше Митрополитот на Повардарската епархија, но не прецизираше кој период од годината. Црквата е речиси готова, привршува работата во нејзината внатрешност. Иконите и иконостасот се изработени, останува да се дослика уште мал дел од фреските.
„Скоро се е спремно. Иконостасот е готов уште пред две години. Иконите се готови. Ни останува само уште една четвртина од фрескоживописот во цврквата. Ако се ни оди според планот до година ќе ја осветиме, но кој период ќе биде тоа засега не можам да ви кажам,“ рече г. Агатангел.
Црквата „Св.Кирил и Методиј“ е изградена на површина од околу петстотини метри квадратни со кршен камен во византиски стил, еднобродна и со камбанарија надвор од објектот.
Храмот почна да се гради пред осум години и е дело на архитектот Тодор Паскали. По својот изглед наликува на црквата Света Богородица во Калишта, Струга./Д.С
.
