Осомничениот Станоев, за трократното убиство во Кавадарци, е во затворот Шутка
Трикратниот убиец од Кавадарци доби триесет дневен притвор. Четириесет годишниот Тони Станоев денеска даваше исказ во велешкото јавно обвинителство , кое побара од судијата во претходна постапка да му одреди ваква мерка. Станоев се бранел дека не преставува опасност за околината.
„Мерката притвор е донесена поради постоење на основан страв дека доколку се брани од слобода истиот ќе може да избега или пак да го направи тоа за кое се закануваше, рече Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд Велес.
По обавениот разговор во полициската станица во Кавадарци е утврдено дека Станоев на деветти месецов влегол во домот на Леови и испукал по еден куршум во градите на шеесет и едногодишниот Илија, педесет и шест годишната Билјана и нивната ќерка триесет и три годишната Снежана.
„По кратка расправија со сега веќе починатите Билјана и Снежана испукал по еден куршум во нив и се качил на горниот кат каде испукал уште еден куршум во грфадите на Илија. Тој и неговата сопруга починале на лице место, додека Снежана давала знаци на живот, но и по укажаната лекарска помош во општата болница во Кавадарци им подлегнала на раните, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Тони Станоев беше уапсен вчера на градските гробишта во Кавадарци. Таму се криел откако ги убил родителите и сестрата на сопругата. Вистинска бркотница се случувало при неговото апсење. По неколкуте предупредувања да се предаде и испуканите куршуми во воздух, полицијата успеала да го фати. Тој со себе носел пиштол во кој имало два куршума. Неофицијално сакал да ја убие сопругата а потоа сам да си пресуди.
Тројното убиство се случи пред три дена. Станоев ги застрела Илија и Билјана Леови како и нивната ќерќа Снежана во семејната куќа на улицата „Зелен пазар“ во Кавадарци. Причината најверојатно бил разводот со постарата ќерка Данче кој неодамна се случил. Инаку Станоев неколкупати досега бил пријавуван за семејно насилство и одземање малолетник./Д.С
