Општините од Вардарскиот регион се отворени за соработка

Објавено на 13 ноември, 2014 во 11:36

Транспарентни и отворени за соработка, вакви се деветте општини од вардарскиот регион според мониторингот на Фондацијата Фокус врз нивните буџети. На општинските  веб страни можат да се најдат сите документи и информации поврзани со буџетскиот процес.  Според Фокус, граѓаните можат лесно и едноставно да видат каде и за што се трошат нивните пари. Кварталниот извештај од мониторирањето на буџетот во овие општини покажал дека дел од нив иако се отворени за соработка немаат активни веб страни, па во нив можат да се најдат застарени податоци и информации.

„Целта на овој мониторинг е да ги воведеме позитивните практики од една во друга општина. Тоа веќе го сторија неколку општини кои немаа ажурни веб страни но уште во текот на мониторингот тие ги прифатија нашите сугестии и го направија тоа, така да сега се достапни сите информации за буџетот, рече Весна Шкортова, Фондација Фокус.

Документите објавени на веб страните на општините се достапни но не доволно јасни за обичните граѓани, сметаат од Форум центарот за истражување.  Граѓаните се тие кои треба лесно и едноставно да дојдат до информации за тоа колку пари се потрошиле за локална инфраструктура, колку на плати за  вработените и зколку пари за другите стоки и услуги.

„Тоа е проблем речиси во сите општини. Многу често е објавен само буџетот и толку, нема други информации за тоа каде и за што се трошат по кои ставки итн. Парите од буџетот. Градоначалниците знаат нели да дадат отчет за сработеното но освен слики, сечење ленти и лопати не може да с евиди ништо друго, на пример како дошло до реализација на тој проект. Затоа сугерираме документите да бидат објавувани во форма која ќе биде лесно достапна и детална за граѓаните, рече Слаѓан Пенев, Форум центар за истражување документација.

Мониторингот на буџетите во сите општинини во државата го реализираше Коалицијата за буџетски мониторинг со финансиска поддршка од Европската Унија. Резултатите од процесот покажале дека речиси сите општини се транспарентни и отворени за соработка, освен неколку рурални во југозападниот и полошкиот регион./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.