Голем хуманитарен концерт за помош на десет годишната Тамара од Велес
Случајот на малата Тамара Димовска од Велес допре до свеста и совеста кај луѓето. Група граѓани од Велес организираат хуманитарен концерт за да се соберат барем дел од парите што се потребни за лекување на десетгодишното девојче во странство.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 28-ми несецов (четврток) во спортската сала Гемиџии. На концертот ќе настапат познати музички имиња од домашната естрада како што се Наде Талеска, Викторија Лоба, Наташа Малинкова, Рената, Мики Секуловски, Виктор Апостоловски, Нина Јанева, Роберт Билбилов, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, велешките групи Соната и Виртуз и други изведувачи. Билетите за концертот ќе се продаваат низ повеќе локации во градов а ќе бидат пуштени во продажба и преку мрежата „Купи карти за се“. Билетот ќе биде со симболична цена и ќе чини сто денари. Организаторите се надеваат дека на концертот ќе се појават голем број на хумани граѓани.
„Ако фондот за здравство одобри Тамара да се лекува во Хрватска, тогаш овие пари што ќе се соберат на концертот ќе им ги дадеме на нејзините родители бидејќи ќе им бидат потребни додека трае лекувањето. Ние исто така ќе ги поттикнеме сите познати луѓе во државата преку социјалните мрежи да постираат з аТамара со пораката „Фондот за Тамара“, бидејќи не е само операцијата, пари се потребни и за понатамошното лекување на девојчето“, рече Пеце Ацев, група граѓани.
Касички за донации се поставени на неколку локации во градот, па кој колку може да донира за малата Тамара. Таа боледува од искривување на р бетот и е потребна итна операција во Хрватска, бидејќи и се заканува опасност да остане траен инвалид. Операцијата чини триесет илјади евра, пари кои семејството Димовски не можат да ги обебзедат. Фондот не го одобри лекувањето на Тамара во Хрватска со образложение дека операцијата можела да се изврши тука на Ургентен центар иако никој од докторите не се нафатил да ја оперира. По бројните апели за помош, министерот за здравство Никола Тодоров повторно ќе ја разгледува одлуката на Фондот. Дотогаш на дело ќе се покажат хуманите луѓе, организации, институции, да и помогнат на Тамара да ја надмине болеста и нормално да го живее своето детство./Д.С
