За убиството на Баки од Горно Оризари осомничен брачен пар од селото

Објавено на 18 ноември, 2014 во 13:44

Полицијата осомничи брачен пар од селото Горно Оризари за убиството на триесет и три годишниот Бајрам Ибрахимовиќ. И убиениот живеел во истото село. Осомничените се лишени од слобода вчера, заедно со уште неколку жители на селото, откако полицијата извршила претрес во повеќе домови во Горно Оризари, не го пронашла пиштолот но открила други докази за расфетлување на убиството.

„ Прво пријавениот во близина на бензиската пумпа на Макпетрол, на излезот од градот, кај место викано Штипско џаде и во непосредна близина на разрушена куќа со пиштол калибар 7,65 мм, со  еден истрел во пределот на главата го застрелал лицето Бајрам И на возраст од 33 години и веднаш го напуштил местото. Втотопријавеното лице е сопруга на првопријавеното лица која знаела за убиството и му помаѓала на сопругоѕт да не биде откриен,“ рече портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

Полицијата во истрагата ќе ги открива мотивите за убиството. Осомничените според непотврдени информации биле пријатели со убиениот Бајрам. Првоосомничениот го има во полициската евиденција како сторител на имотни деликти но не и како корисник на оружје. Нему денеска  судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена по што е пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во Скопје.

Убиството на Бајрам И се случило на 24 март годинава, во напуштената и разурната куќа на влезот на Велес, кај Штипско џаде. Телото на убиениот, во распаѓање, беше откриено осумнаесет дена подоцна. Според информации што тогаш беа соопштени  убиениот Бајрам е регистриран наркозависник./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.