Казиното Адмирал, по четврти пат, мета на разбојници

Објавено на 18 ноември, 2014 во 17:19

Маскирано лице вчера утро околу седум часот и триесет и пет минути влегло во казиното и со пиштол им се заканило на вработените од кои одзело околу 104.000 денари. Грабежот наликувал на претходниот, од пред неколку месеци, кога двајца разбојници на идентичен начин влегоа со маски на лицата го вперија оружјето во двете вработени и под принуда собраа 83.000 денари.

Овој пат разбојничкиот плен изнесувал околу 104.000 денари. Во претходните три наврати казиното беше олеснето за вкупно 479.000 денари.

Од секторот за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите. Засега не се откриени сторителите на претходните грабежи. Казиното се наоѓа во центарот на градот, во дел на поранешната стоковна куќа „На-ма“ и пред една од зградите во комплексот „Чешел“.  Од главната улица го делат триесеттина метри./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.