Се одбележува неделата на стари и изнемоштени лица

Објавено на 19 ноември, 2014 во 08:41

Весело и раздвижено беше во пензионерскиот дом во Велес. Секојдневната вообичаена рутина на пензионерите за миг ја надополнија штитениците на Центарот за деца со посебни потреби. Тие заедно со младите волонтери од Црвениот крст беа гости на пензионерите, со кои се дружеа и им посакаа добро здравје. Ова е само една активност на општинската хуманитарна организација со која се одбележува неделата за грижа на стари лица.

„Тука сме за да им покажеме на овие деца како пензионерите и старите лица во Велес го поминуваат своето време во разни активности. Ова е проект кој трета година по ред го реализираме, рече Анѓел Јорданов.

По едночасовната посета пензионерите ги испратија лицата со посебни потреби велејќи им повторно да дојдат. Децата со помош на волонтерите заминаа да го расзледаат Народниот музеј.

Но не само во оваа неделава посветена на старите лица туку постојано во текот на целата година волонтерите континуирано се грижат и за нив. Неделно по еднаш посетуваат шеесетина семејства помагајќи им во нивните секојдневни потреби и обврски. На старите лица им пазаруваат,ги носат на лекар и им прават друштво низ разговор.  Велат за нив тоа е огромно задоволство кога на крајот од денот зад себе ќе остават среќни и насмеани стари лица.

Денеска, медицинска сестра волонтер на Црвениот крст, им проверуваше притисок и шеќер во крвта на стотина пензионери кои околу пладне беа во домот во Велес./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.