СДСМ:Доизградба на кејот е единствено трајно решение за заштита од поплави

Објавено на 10 февруари, 2015 во 13:55

Локалните власти не го исчистија коритотот на реката Вардар и не поставија насипи од вреќи, па поради тоа граѓаните претрпеа големи штети на имотите и посевите. Со вакви реакции излезе денеска општинската организација на СДСМ во Велес. Опозицијата обвинува дека надлежните на чело со градоначалникот со скрстени раце чекале и гледале сеир додека надојдените води им ги уништуваат имотите на жителите, наместо да го исчистат коритото и да постават вреќи.

„Постојат  и  писмени  докази  со  потписи  од  граѓани  за  благовремено  доставени петиции до  градоначалникот  од  жителите  од  Речани за  навреме  да  се  преземат мерки. Како и за други работи за жал градоначалникот и надлежните од општината не  презедоа  ништо  и покрај  многубројните  барања,  молби  и петиции  од најзагрозените подрачја. Градоначалникот  Чадиев  и  пратениците  Димовски  и  Коџабашиев  го  гледале надојдениот  Вардар  од  страната  на  Градски  Парк,  затоа  што  не можеле  да  се соочат со револтираните граѓани“, рече Весна Богоевска Стојанова, О.О на СДСМ.

Од СДСМ ги повикаа на одговорност и потенцираа дека штетата на соблекувалните на помошното фудбалско игралиште во Градски парк треба да ја сноси градоначалникот заради неговата неодговорност при трошењето пари од буџетот. Тие ги повикаа надлежните да го продолжат проектот за регулација на коритото на Вардар со доизградба на кејот, бидејќи според нив тоа било единственото трајно и успешно решение за заштита од поплави во градот./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.